ФОНДАЦИЈА
МАЈКА ШУМЉАНСКА

Целта и мисијата на оваа фондација е изградба на Старечки дом, институција која ќе ги задоволи сите нормативи и стандарди со цел за целосен развој на потенцијалите на старите лица, овозможување на квалитетен живот, дружење и организирани патувања, едукација, овозможување на достоинствен и сигурен живот на старите лица…

КОЈА БИЛА
МАЈКА ШУМЉАНСКА

Mногу години пред Мајка Тереза, во Македонија постоело уште едно благородно срце кое за својата добротворна и хуманитарна дејност зад себе ќе остави неизбришливи траги кај македонскиот народ. Во првата половина на XX век, во знак на почитување и благодарност за нејзината грижа кон македонските сираци, болни и сиромашни, македонскиот народ ќе ја нарече Мајка Шумљанска.

Денес малку Македонци знаат, дека некогаш Битола, градот на конзулите и клавирите, имал своја Мајка Тереза. За жал, во Македонија не постои никаков споменик за Мајка Шумљанска, кој ќе не потсети дека големата добротворка по Илинденското востание отворила „Дом за сираци“ во Битола, болница во Солун во кој се лечеле македонските борци за време на Балканските војни, а пред крај на својот живот и сиропиталиште за македонските емигранти во Софија.

ИНФОРМАЦИИ

Сметка за донации

SPARKASSE MAKEDONIJA AD SKOPJE
SWIFT: INSBMK22
IBAN: MK07250011000683684

Адреса

Фондација „Мајка Шумљанска“ Битола
ул. „Димитар Илијевски Мурато“ 48-3/28, 7000 Битола, Република С. Македонија

Контакт Информации

+389 47 226 676; +389 71 226 696
majkashumljanska@gmail.com
www.fmsb.mk