февруари 05 2018 0Comment

Јавен оглас

Раковоството на фондацијата Мајка Шумлјанска од Битола донесе одлука за примање на донации врз база на претходни истражувања, анализи и студија за стари и болни лица во Битолскиот и Преспанско – Пелагонискиот регион и пошироко.

Донациите се даваат за остварување, унапредување и поддршка на дејностите од јавниот интерес за поддршка на јавната дејност во областа на социјалната заштита и згрижување на старите лица кои треба да претставуваат доброволна и безусловна помош која не создава директна корист за давателот, ниту обврска за враќање од примателот на донацијата.

Целите на донацијата и финансиските средства ќе бидат искористени и наменети за изградба на Старечки дом, институција која ќе ги задоволи сите нормативи и стандарди со цел за целосен развој на потенцијалите на старите лица, овозможување на квалитетен живот, дружење и организирани патувања, едукација, овозможување на достоинствен и сигурен живот на старите лица…

Институцијата нема да претставува место за азил и сиротински дом, туку институција достојна на човечко престојувалиште, која ќе обезбеди објективни услови што ќе го поттикнат стариот човек на остварување на неговите човечки потреби и можности, притоа социјално – здравствената функција и психо – социјалните потреби би биле примарни функции во установата.

Ние, како Фондација која што има цел за остварување и овозможување на долговечен и исполнет живот на старите лица, волја и можност да ги реализира соодветните нивоа на институционална нега која ќе нуди заштита, рехабилитација, социјална и ментална стимулација во едно хумано и безбедно опкружување, спремни сме и отворени за примање на доброволна финансиска помош од домашни и странски физички и правни лица, чие делување ќе биде во согласност со Уставот, законите на Република Македонија и ратификуваните меѓународни договори.

Write a Reply or Comment