декември 26 2017 0Comment

Идеен план за изградба старски дом и развој на здраствен туризам под падините на Пелистер

Со оглед на можностите и условите кои ги нудат природните предели околу атарот на селата Ниже Поле и Дихово, кое се наоѓа под падините на планината Пелистер, егзистира микро клима која пружа максимални услови на планински туризам, со надморска висина од над 2600 метри, каде се наоѓаат Пелистерските Очи т.е. двете планински езера, симболот на Пелистер, кои се наоѓаат под врвовите на ова прекрасна планина, која е редовно посетена од домашни и странски туристи преку целата година.

Од другата страна пак, на врвовите на Пелистер пак, може да се види Преспанското езеро кое е исто така симбол на овој микро регион, со прекрасни излетнички места, како Отешево, Претор, Асамати, Дупени и многу други културни и историски места кои егзистираат покрај бреговите на ова прекрасно езеро кое изобилува со ендемски видови на риба и ракови, специфични само по себе од овој регион. Езеро, кое е одалечено на само 35 километри од градот Битола, како културен, спортски, економски, индустриски и бизнис центар во овој регион.

Тука, на влезот на Националниот парк Пелистер, на 870 метри надморска височина, која преставува воздушна бања на свеж и чист планински воздух, но според надморската висина која најповеќе одговара и ги исполнува условите за кардио васкуларните критериуми кај човекот, за здрав и чист воздух кој не е доволно остар, но е со одличен квалитет и ги исполнува медицинските услови и услови за развивање на здраствен туризам со можности на проектирање и изведување на Дом за стари лица со одлични перформанси од секој аспект.

Што се однесува за услови на изградба на вакви два капацитети, се исполнуваат и условите и можностите кои ги нуди просторот за комунални проекции, кои се неопходни за изградба на ваков проект, со оглед на градската инфраструктура, водовод, струја, телекомуникации, руралниот аспект на околината, регионалниот пат спрема зимскиот скијачки и туристички центар Стрежево, кое се наоѓа на само неколку километри од селото Ниже Поле. На ова место постојат одлични услови за изградба и развој на Здраствен Туризам во овој дел на јужна Македонија, во подножјето на Националниот парк Пелистер.

Само на десет километри од планираното место се наоѓа градот Битола, која овозможува и голема логистичка поддршка за самото место како за неговиот природен развој така и безбедноста и условите кои се нудат, како на пример, Клиничкиот центар во Битола, институциите во градот и сите други останати примати кои ги нуди како град Битола, околните села во регионот и пограничните села каде живеат голем број на пензионери – странски повратници, самци, кои имаат потреба од туѓа нега. Во овој регион и потесната околина егзистираат од околу 120.000 жители.

Капацитетите кои се планираат за изведба на овој Дом за стари лица од висока категорија се планирани да изнесуваат од 150 – 200 легла, распоредени и простории за висока нега, простории со едно и две легла, пропратени со комплетна логистика и услови кои треба да ги исполни еден современ пензионерски дом, со сопствени ресторански простории, индивидуални и помошни капатилски простории, простории за одмор, простории за рекреација, за разонода и логистика од медицински персонал.

Начинот на функционирање ке биде организиран со склучување на договори за соработка помеѓу институцијата и индивидуални домашни и странски потенцијални корисници. Се планира да проектирана и планирана финансиска конструкција за изградба на овој пензионерски дом, градежна инвестиција и медицинска опрема со логистика, да изнесува вредност која ке ги оправда планираните средства.

Што се однесува до вториот дел или објект кој ке биде во близина на домот за стари лица, тоа ке биде здраствена институција, снабдена со медицинска опрема која ке биде од големо значење за жителите од овој регион, како и пошироко. Исто така овој капацитет ке биде наменет и за странски туристи кои ке можат да ги користат услугите на овој здраствен објект со што имаме можности за развој на здраствениот туризам кој може да биде развој и на руралниот туризам во Националниот парк Пелистер и пошироко. Во тој здраствен објект ќе биде обезбедена и опремена со специјалистички кадар за потребите на истата, како и со медицински и друг потребен кадар за функционирање на капацитетот.

Начинот на функционирање ке биде организиран со договори за соработка помеѓу институцијата и т.е. визитинг специјалистички доктори, супспецијалисти, професори и медицински оператори, во неколку гранки, и тоа во делот на мамографија, томографија, онкологија , кои ке вршат прегледи и испитувања во овие специфични области од медицината за граѓаните од Македонија и соседните држави од целиот Балкански полуостров, бидејки опремата ке биде од највисок ранг и последен збор на современата технологија.

Со овие и останатите генералии кои одат со проектот, овој комплекс треба да биде одбележан како објект од висок ранг за својата намена. Се разбира ке се користат дел од апартманите на Домот за стари лица за користење на надворешни пациенти за кои ке има потреба здраствената институција.  Планирана и проектирана финансиска конструкција на ова здраствена институција треба да биде некаде во вредност одоколу 4.500.000, оо ЕУР.

Во исиот комплекс ке направиме, а тоа околината и природата го овозможува , бушење и извлекување на минерални, термални води на длабочина од 170 до 250 метри , со што ќе обезбедиме покриено, (затворен базен) и надворешно користење, (отворен базен) на геотермални минерални води за потребите на комплексот, како и за комерцијално користење на истите за надворешни клиенти. Димензијата на базените ке биде во мали формати и со помал капацитет на користење за клиентите.

Во комбинација со обезбедување на соларни системи за добивање на електрична енергија, термалните води ке бидат само надополнување за само произвотство на енергија, што значи дека и самиот комплекс ќе биде на некој начин само одржувачки, еколошки и енергетски, во смисла, независен од системот на ЕВН, т.е. комплексот ке има сопствено произвотство на електрична енергија. Во делот на заштита на човековата средина, како и проблемот на отпадните води, ке биде монтирана современа соодветна прочистителна станица која ке ги исполнува сите пред услови за заѓтита и зачувување на човековата средина што е и приоритет на целиот проект, т.е. да се заштитат природните убавини на овој прекрасен природен и еколошки амбиент.

Во самата парцела, на површина од 4000 – 5000 метри квадратни, каде ке се наоѓа овој комплекс кој треба да има корисна покриена површина од 2500 – 3000 метри квадратни, имаме опкружување на шума која дополнително ке се вколпува во целиот проект. Со мало преуредуваwе, во самото место имаме природен парк, ке се направат пешачки патеки, клупи за одмор и друга разна галантерија која се вклопува во едно прекрасно опкружување на шумата околу самата парцела. Што е најбитно за овој проект, а тоа е прекрасниот поглед према Пелагонија и према градот Битола, што мислиме дека е незаменлива и незаборавна глетка од тој аспект.

Во зависност од набавката на процесната опрема и дополнителните измени во проектниот план, според ново настанати состојби, а со цел да се направи поквалитетен и по еминентен проект, вредноста на истите е варијабилна и зависи од финансиските можности на инвеститорот. Што значи дека, во зависност од одобрените финансиски средства, ке зависи квалитетот на истата.

Тоа ќе биде комплекс со одлични перформанси.

Write a Reply or Comment