Фондацијата “МАЈКА ШУМЉАНСКА“ Битола е сонована во Јуни 2017 година, со цел хуманитарно да им излезе во пресрет на лица кои им е потребна помош. Фондацијата се залага за подобар живот и помош на стари и изнемоштени лица. Основна цел на организацијата е собирање доволно средства и давање помош на оние на кои истата им е непходна и потребна. Фондацијата ќе се  залага првенствено за унапредување на заедницата и медицинските установи за да се создадат удобни услови за живот и квалитетно стареење.

Фондацијата е непрофитна, неполитичка и несиндикална организација. Истата се организира во Битола и дејствува на подрачјето на територијата  на Република Македонија и во други странски земји. Во комуникацијата со странски субјекти, Фондацијата ќе го користи и англискиот превод на името кое на латиница ќе гласи Foundation Mother Shumljanska Bitola.

Член на оваа фондација може да биде секој граѓанин, државјанин на Република Македонија.