Цели на Фондацијата

  • Унапредување и поддршка на стари, болни и изнемоштени лица и други лица, унапредување на заедницата преку спонзорства и донации, во земјата и странство.
  • Формирање и изградба на болници,здраствени установи, пензионерски домови, геријатриски установи, дневни центри за граѓани.
  • Прибирање и донација на средства за медицински устаови и геријатриски домови, помош за операции и лекување на стари и други лица.
  • Соработка со други, слични  фондации и непрофитабилни организации од хуманитарен карактер во земјата и странство.
  • Донирање на средства за проекти кои придонесуваат за развој на медицината и унапредување на условите во пензионерски домови, како и проекти за иновации во фармацијата за пронаоѓање на нови лекови во медицината, во земјата и странство.
  • Oдржување на хуманитарни настани и семинари од јавен карактер со јасна цел подигнување на свеста на пошироката јавност за значењето на фондациите од ваков вид и слично.

Останати активности на  Фондацијата:

  • Обезбедува парични и друг вид на материјални средства, преку сопствени извори, донации и сл. кои ќе бидат наменети за остварување на основните цели на фондацијата, во земјата и странство;
  • Организира културни, уметнички и образовни манифестации, со цел прибирање на донации за остварување на целите на фондацијата, во земјата и странство.
  • Организира семинари, образовно-едукативни програми, јавни расправи и други активности, во земјата и странство;
  • Со одобрение на надлежните органи во врска со активностите издава, списанија, брушури, книги и сл.,за промовирање на проектите кои се реализирани со средства на фонацијата;
  • Меѓусебна соработка со јавни или приватни, владини и невладини организации и друго, во земјата и странство;
  • За да дава подобра услуга, фондацијата соработува со јавни и приватни институции за искористување и помош при реализација на тековни и идни проекти, во земјата и странство;
  • За реализација на целите на Фондацијата за да се обезбедат приходи или промоции, може да организира посебни вечери, средби, изложби и други различни активности, настани и програми, во земјата и странство;
  • Со одобрение на основачот или надлежните органи, може да се примаат парични и непарични средства, донации и поклони, од земјата и од странство, во склоп на реализирање на целите на фондацијата;
  • Собирање на доброволни прилози, донации, подароци, доброволна помош и др., во земјата и странство.
  • Во склоп со активностите и целите на фондацијата, може да се купува недвижен имот, истиот да се издава под закуп, да се изнајмува друг недвижен имот
  • и др.